Махачев убедливо ја одбрани титулата на УФЦ, Двалишвили го победи Умар Нурмагомедов

На Ислам Махачев (27-1) му беа потребни нешто повеќе од четири минути за да го одбрани по четврти пат шампионскиот појас во лесна категорија на најголемата светска ММА организација.

Дагестанскиот борец го победи бразилскиот предизвикувач Ренато Моикано (20-6-1) со завршница на големиот настан УФЦ 311 во Интуит дом во Инглвуд, кој еден ден претходно влезе како замена за Арман Царукјан.

Махачев лесно го собори Моикано и ја зазеде горна позиција во полугард. Бразилецот се обиде со нозете да го оттурне Махачев, но во тој момент Ислам направи гушење „Д’арце“ и беше јасно дека неговиот противник тешко ќе излезе. Моикано беше принуден да го предаде мечот.

Мераб Двалишвили (19-4) беше успешен во првата одбрана на титулата во бантам категорија. Грузиецот во брилијантна конасловна борба со едногласна одлука го победи Дагестанецот Умар Нурмагомедов (18-1), со што му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Во прилично израмнет меч, победникот беше решен во петтата рунда, во која Двалишвили се покажа како подобар и поиздржлив противник.

Нурмагомедов беше одличен во првите две рунди, но шампионот трпеливо ги чекаше своите можности и секогаш знаеше да ги искористи, уште еднаш со неверојатно темпо го кршеше противникот во текот на сите 25 минути.

Јиржи Прохаска (35-5-1) убедливо оствари нова победа. Во судирот меѓу двајца поранешни шампиони, Чехот со прекин во третата рунда го совлада Американецот Џамахал Хил (12-3, 1 НЦ), што е негов втор пораз во низа.

Двајцата борци разаменија многу удари за време на мечот, а клучниот момент се случи во третата рунда кога Јиржи го испрати Џамахал во нокдаун.

Американскиот борец заврши на колена, а Прохаска реши да го заврши мечот со уште неколку силни удари. Судијата ја прекина борбата.

Тоа беше прва победа за Чехот по минатогодишниот пораз од шампионот Алекс Переира. Само Бразилецот го има победено во октагонот на УФЦ, двапати.

Во борбата во тешка категорија Жаилтон Алмеида го победи Сергеј Спивак со прекин на крајот на првата рунда, додека во борбата во средна категорија, Рајнер де Ридер го победи Кевин Холанд со завршница во првата рунда.

Резултати од УФЦ 311:

Ислам Махачев (в) – Ренато Моикано – завршница (брабо давење), Р1 (4:05)
Мераб Двалишвили (в) – Умар Нурмагомедов – едногласна одлука (48–47, 48–47, 49–46)
Јиржи Прохаска – Хил Џамахал – ТКО (удари), Р3 (3:01)
Жаилтон Алмеида – Сергеј Спивак – ТКО (удари), Р1 (4:53)
Рајнер де ридер – Кевин Холанд – завршница (гушење од пшозади), Р1 (3:31)

Воведни борби:

Раони Барселос – Пејтон Талбот – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–26)
Азамат Бекоев – Захари Рис – КО (удари), Р1 (3:04)
Богдан Гушков – Били Елекана – завршница (гушење со гилотина), Р2 (3:33)
Грант Досон – Карлос Диего Фереира – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Аилин Перез – Карол Роса – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Муин Гафуров – Риња Накамура – ​​едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Бернардо Сопај – Рики Турсиос – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Тагир Уланбеков – Клејтон Карпентер – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО