Махачев го предизвика Џек Дела Мадалена: Време е да станам двоен шампион!

Се чини дека Ислам Махачев веќе ја одлучил својата непосредна боречка иднина по синоќешната борба за титулата на УФЦ 315 во Канада.

Махачев, актуелниот неприкосновен шампион во лесна категорија, постојано се поврзува со можно враќање уште следниот месец на УФЦ 317 за да ја брани титулата против поранешниот крал во перо категорија Илија Топурија. Сепак, сè уште официјално не потпишал договор со Шпанецот, а се очекува неговата иднина да стане извесна по вечервашната борба за титулата на УФЦ 315 во Канада.

Според извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт, откако го гледал својот близок пријател и партнер во тренингот Белал Мухамед против нокаут артистот од Перт, Џек Дела Мадалена, Ислам Махачев веројатно би се борел за титулата во велтер категорија доколку првиот го изгуби појасот.

Откако австралиската ѕвезда Дела Мадалена ја освои титулата изминатава вечер со импресивна едногласна победа над Мухамед, Махачев веќе се заложи за шанса да стане нов шампион, тврдејќи дека сега ќе ја искористи можноста да стане шампион во две категории:

„Време е да станеме двоен шампион #inshaAllah. Ајде да дејствуваме“! напиша Ислам Махачев на својот официјален X профил веднаш по победата на Џек Дела Мадалена над Белал Мухамед на УФЦ 315.

Иако сè уште не коментирал за идната борба за титулата со Махачев по неговата победа вечерва, Дела Мадалена претходно овој месец изјави дека нема да има проблем да се бори со Русинот во неговата прва одбрана на титулата, сугерирајќи дека двајцата би можеле да се соочат уште во септември, при враќањето на октагонот во Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON