Магомед Анкалаев: Го нокаутирам Алекс Переира за помалку од 3 рунди

Магомед Анкалаев не е задоволен од тврдењата кои доаѓаат од тимот на Алекс Переира.

Џо Роган неодамна изјави дека тренерите на Переира откриле дека Алекс имал скршеница на раката и норовирус во борбата со Анкалаев. Двајцата се бореа на УФЦ 313 што се одржа на почетокот на овој месец во Лас Вегас. Магомед го надбори Переира и го победи со одлука на судиите, со што стана шампион во полутешка категорија. Оттогаш се зборува за реванш меѓу нив.

Тренерот на Анкалаев изјави дека Переира најверојатно се намачкал со нешто за да не биде соборен на подот. Од штабот на Алекс доаѓа незадоволство од судиската одлука и тврдењата за повреди. Анкалаев не е задоволен од сета оваа драма и се закани дека ќе го победи Переира со нокаут за неполни 3 рунди во втората борба.

„Џо Роган спомна дека Алекс се бори со скршена рака и норовирус. Кога борците ќе влезат во кафезот, никој не е 100%. Ми понудија реванш со него во август и реков да. Но, ако не е подготвен, ќе се борам со кој и да е следен. Не ми е важно.

Переира беше вознемирен што го имав држев во кафезот, но не се вознемири кога за малку ќе го нокаутирав. Никој во светот не мисли дека ја добил нашата битка. Следната борба ќе биде нокаут победа под три рунди“, напиша Анкалаев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON