Магнус секогаш на врвот

Магнус фитнес центарот е почестен што неговата натпреварувачка Мери Акиевска ги донесе 4 злата за нашата држава и стана 4-кратен светски шампион во јуниорска и сениорска велнес конкуренција и апсолутна категорија во велнес во јуниори и сениори. Со еден збор, „македонското магнус девојче” освои се што можеше да се освои на Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија кое се одржува од 3 до 8 ноември годинава.

Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност.

Мери Акиевска е натпреварувач и член на Магнус фитнес центарот и повеќе години работи во истиот.

„Пресреќна сум. Не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата. Не можев да ги сопрам солзите радосници додека четири пати се искачував на пиедесталот и ја слушав македонската химна. Годинава ја завршивме со многу златни титули. Голема благодарност до мојот тренер и претседател на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија – Бобан Ѓороски кој веруваше во мене и предвреме го забележа и препозна мојот потенцијал и желба и направи се за да стигнам до тука и да бидам светски шампион. Благодарност и до мојот матичен и најдобар фитнес центар во државата Магнус, кој ми овозможи идеални услови за тренинг на најсовремената линија на техноџим машините во кој сум и дел од тимот на вработени лица. Благодарност и до Агенцијата за спорт и млади и на сите што ме поддржуваа“, изјави Акиевска.

Патот до успехот воопшто не е лесен. Потребни се многу жртви и откажување од некои задоволства.

„Мојот живот подразбира секојдневни напорни тренинзи и долготрајни исцрпувачки диети. Се откажав од забави и богати софри со калорична храна. Станувам рано и легнувам рано. Тоа е мојот рецепт за посакуваната форма и светскиот успех“, открива нашата шампионка.

„Мери почна да се занимава со фитнес во 2017 година, рекреативно. Резултатите беа брзи, а трансформацијата на формата и облините на телото видливи. За кратко време таа се вљуби во бодибилдингот и тој стана дел од нејзиното секојдневие. Мери има освоено многу титули и признанија во светот на фитнесот и бодибилдингот, но ова е нејзин најголем успех во кариерата. На Светското првенство сега учествуваат 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во апсолутна категорија“, изјави претседателот на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија Бобан Ѓороски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON