Љупчо Стојчевски добитник на наградата „7 Септември“ на Општина Делчево

Кик бокс тренерот и интернационален судија Љупчо Стојчевски е добитник на општинската награда „7 Септември“ за особени достигнувања во областа на спортот на Оштина Делчево која годинава прв пат се доделува по повод Денот на ослободување на Делчево.

Наградата се состои во плакета која ќе биде доделена на свеченоста по повод 7 Септември и паричен износ од 3.000 денари.

Добитници на наградата се: Горан Велков и Љупчо Стојчевски за особени достигнувања во областа на спортот, примариус д-р Виолета Арсовска за особени достигнувања во областа на здравствената заштита, Кристина Петровиќ за достигнувања во областа на образованието, Андреј Илиевски- Волкашин за особени постигнувања во областа на филмската уметност и Петар Атанасовски- Пепин за достигнувања во областа на ликовната уметност.

Општина Делчево за прв пат ја воведува оваа награда, а целта е да се оддаде почит на поединци или правни лица за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON