Македонските борачи на Европското првенство во Рига,Латвија, не остварија ниту една победа, со една мала разлика од Светското првенство во Лас Вегас-САД, сега освојуваа поени.
Можеби Могамедгаџи Нуров можеше и нешто повеќе, бидејќи имаше водство и на крај изгуби со 8-6, додека Јасин Реџелари се бореше и во репасаж, при што се потврди тезата дека прави поени, но и губи; Дејан Митров цврсто се бореше, а резултатот изостана, додека Бобан Данов тешко се справува во најтешката категорија со титаните од велесилите во овој спорт.
Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези даде првична оценка за настапите на нашите репрезентативци, кои во април ги чека квалификацискиот турнир во Зрењани, Србија, за Олимписките игри во Рио.
„За жал, не го искористивме големите шанси и поволниот жреб на Нуров и Данов. Јасин имаше тежок жреб, тешка група. Во првото коло се сретна со светскиот шампион, а во репасажот со европксиот првак до 23 години, додека Дејан беше во одбра форма, но една грешка многу му наштети“, изјави за IPON.mk, Вренези.
Ipon.mk/В. Д.