Лукас Браун е новиот ВБА светски шампион во тешка категорија (24-0, 21 КО).
Непоразен Австралиец во 10 рунда го нокутира Руслан Чагаев (34-3-1, 21 КО) во Грозни.
Боксерот од Сиднеј стана првиот светски шампион во тешка категорија од Австралија. „Big Daddy“ ја преживеа катастрофалната 6 рунда во која се здоби со осекотини и речиси беше дотепан од страна на узбекистанскиот левак во неговата втора одбрана на титулата.
Браун успеа да направи пресврт во мечот и да го доврши Чагаев во 10 рунда, откако претходно го сборуваше.
Браун ја поседува „редовната“ титула и во следниот меч треба да се сретне со Фрес Окуендо. Тајсон Фјури е ВБА „супер“, а Луис Ортиз привремен шампион.
https://youtu.be/11JZ7mc8pwU