Лука Змејкоски: Сребрениот медал ми е најголемиот успех до сега, а прв пат настапив на светско првенство

Лука Змејкоски го постигна најголемиот успех кик бокс кариерата со освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Будимпешта во Унгарија.

„За мене овој сребрен медал е најголемиот успех до сега и за прв пат во мојот живот излегов на светско првенство“, вели Змејкоски за Ипон.мк.

Гледајќи го видеото,а и според зборовите на селекторот Митровски, во финалето доминираше, но пдана во полседните 15 секунди и така му избега златниот медал. Лука за тие одлучувачки 15 секунди истакнува:

„За жал, однемав кондоција при крајот на 3-тата рунда и паднав на последните 15 секунди. Доминирав во целата борба. Првата рунда водев 3-0, во втроата 2-0 и третата рунда 3-0, но, за жал, последните 15 секунди одлучија да победи Србинот Мухамед Дупљак 1-2“.

А што значи среброто за Лука и за неговиот клуб Лидер од Виница:

„Се гордеам на мојот тренер Дарко Гоцевски што вежбавме напорно и стигнав до Финале. Исто така, многу сум горд на нашиот претседател и селектор Дејан Митровски што ме избра во репрезантацијата на Македонија“.

Змејкоски се надева дека во наредна прилика ќе си ги исполни живтниот сон.

„Мојта цел беше да станам светски шампион, но не успеав. Се надевам во следна прилика дека сонот ќе ми се оствари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON