Македонски кикбоксери од 20 до 23 февруари ќе настапат на Бугарија Европски куп, а еден од нив е светскиот вицешампион Лука Змејковски од КБК Лидер од Виница. Фактички, ова ќе биде првиот негов настап на меѓународната сцена, а како вовед на Државното првенство ја осовои титулата.
Ова е прв меѓународен настап, а Лука е подготвен да го нападне првото место.
„Како и секогаш, моите очекувања се на Европскиот куп да го освојам златниот медал“, вели Змејковски
Тој има добар вовед во новата натпреварувачка сезона со овсојувањето титулата на Државното првенство кое минатиот викенд се одржа во Скопје, а во меѓувреме ВАКО ја објави новата ранг-листа на која Земјковски е на првото место.
„Ова замене е голема мотовација и предизвик понатму да продолжам со добрите резултати и да ја зачувам број 1 позицијата на ранг-листата на ВАКО“, истакнува Лука
Минатата година освои сребрен медал на СП за кадети и јуниори во Будимпешта, при што за 15 секунди му избега златото, но мотивацијата не го напушта за оваа година.
„Оваа година предизвик ми е да го освојам Европското првенство, односно со златниот медал се да си дојде на свое место“, истакнува Лука.
Секако, за успехот на Земјковски големи заслуги има неговиот тренер Дарко Гоцевски и од големо значење е на што работат сега.
„Со тренерот Дарко Гоцевски се трудиме да ги поправиме оние мали грешки од минатата година“, нагласува светскиот вицешампион.