Лука Змејкоски го освои сребрениот медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.
Лука 15 секунди го делеа од залтниот медал, но искуството на Мухамед Дупљак од Србија пресуди во тие критични секунди.
„Лука изгуби во финале од Дупљак од Србија. Во сите рунди водеше, но во последните 15 секунди поради кондиција многу поени му зема противникот и го изгуби златото. Оваа борба беше 100% на Лука, само што и искуството си носи свој бенифит“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко.
На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.
Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:
Лоу кик
млади јуниори
+81 кг
Лука Змејкоски – Владислав Лендел (Украина) 3-0 ½ финале
Финале
Лука Змејкоски – Мухамед Дупљак (Србија) 1-2