Лука Змејкоски е спортист на годината, а Дарко Гоцевски тренер на годината на Виница

Општина Виница вечерва ги прогласи најдобрите спортисти за 2024 година. Кикбоксерот Лука Змејкоски е избран за најдобар спортист на Виница за 20204 година, а неговиот тренер Дарко Гоцевски е прогласен за најдобар тренер.

Лука минатата година беше светски вицешампион во лоу кик за помлади јуниори на СП во Бидимпешта, балкански првак и шампион на Македонија.

Ако денот се познава по утрото, и годинава Змејкоски ќе собира трофеи, затоа што вчера на Европскиот куп во Пловдив, Бугарија, го освои златниот медал и така ја задржа првата позиција на светската ранг-листа на ВАКО за неговата категорија и конкуренција.

За најдобра екипа е ГФК Слога 1934, а најдобра млада спортистка е Стефанија Веселинова од КБК Лидер, а Петар Захариев е најдобар млад спортист.

Драгослав Здравков-Ледер доби признание за особен придонес во фудбалот, а на поранешниот репрезентатиевц на Македонија Зоран Васевски му припадна признанието за долгогодишен спортски работник по реформирањето на ФК Слога 1934.

За постигнати високи резултати и промовирање на општината во областа на спортот добија младите спортисти Анастасиј Гоцевски, Нела Петреска, Борис Митревски, Нина Колева и Анастасија Андонова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО