Лука Тодороски од ТК Чонџи од Косел-Охрид освои две сребра изминатиов викенд на Меѓународен таеквондо ИТФ турнир „Дубровник опен 2022“ во Дубровник, Хрватска.
Тодороски медалите ги освои во форми зелен појас, јуниори 14-15 години и во борби -55 кг. јуниори 14-15 години.
На турнирот каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24клубови од 6 земји – Хрватска, Словенија, БиХ, Србија, Бугарија и Македонија.
Треба да се нагласи дека Чонџи учествуваше самои со 1 натпреварувач.
„Ова е трето учество на нашиот клуб, воедно и трети медал за клубот, со што продолжува да се испишува почетокот на историјата на клубот“, велат од клубот.
„Јас и останатите натпреварувачи од клубот ќе се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија“, вели медалистот Тодороски.