Поранешните шампиони на УФЦ, Лук Рокхолд и Еди Алварез потпишаа за БКФЦ, а веднаш ги дознаа своите противници на настанот што ќе се одржи на 29 април во Денвер.
Лук ќе се бори со Мајк Пери кој досега имаше два боксерски меча.
Пери го имаше своето деби минатата година и ги доби двете борби, победувајќи ги Џулијан Лејн и Мајкл Пејџ.
A Еди ќе се пресмета со Чад Мендез, кој исто така дебитираше пред една година и го доби својот единствен БКФЦ меч со прекин над Џошуа Алварез.
Поранешниот шампион Еди Алварез својот последен настап го имаше пред нешто помалку од две години во емисијата ОНЕ на ТНТ 4 кога загуби со едногласна одлука од Рае Јун Ок.
View this post on Instagram
View this post on Instagram