Непоразениот предизвикувач во тешка категорија Луис Ортиз (27-0, 23 КО) смета дека Кличко ќе биде неговиот следен противник.
38-годишниот Кубанец требаше во сабота да се бори со Дерик Роси, но тој ја откажа борбата поради фрактура на прстот. Лекарите го препорачаа да паузира еден месец со тренинзите.
„Риал Кинг конг“ е задолжителен предизвикувач на ВБА и одлучи да не боксира до борбата за светската титула и да ја чека разврската од мечот Џошуа-Кличко.
Ортиз очекува Украинецот да го совлада Џошуа потпирајќи се предниот директ.
„Мирно ќе ја гледам борбата. Искуството е на страна на Кличко, додека младоста на Џошуа. Мислам дека Украинецот ќе победи. Ќе го користи својот моќен преден директ за да го држи Џошуа подалеку од себе“.
Ортиз и Кличко во 2015 година се бореа со ист противник. Д-р Стилхамер со едногласна одлука во неинтересен меч го победи Брајант Џенингс, а Кубанецот во следната борба го нокаутираше во седмата рунда.
„Кличко ќе мора многу добро да се подготви за да се бори со мене. Толку сум гладен за слава и ми се чини дека не сум јадел 100 години“, рече Ортиз.
„Ја сакм веќе еднаш таа бора за титулата, што е можно поскоро. Немам друг избор, да се подготвувам и да останам подготвен кога ќе дојде времето. Тоа ќе се случи, воопшто не се сомневам во тоа“.