Луис потежок од Блејдс, една борба пропадна од УФЦ Вегас 19 (ВИДЕО)

Дерик Луис беше малку потежок од неговиот противник Кaртис Блејдс на официјалнoто мерење, што се одржа синоќа.

Двајцата борци во тешка категорија на УФЦ ќе се соочат раните утрински часови во недела (по македонско време) на главниот настан на УФЦ Вегас 19.

Црниот ѕвер тежеше 119,2 кг, а Бричот 117,4 кг.

Вкупно четири борци не успеаја да влезат во категоријата, што доведе до елиминација на еден меч. Бразилецот Рафаел Алвеш се покажа дека е над 5,5 килограми над дозволеното и така неговата средба со Пат Сабатини е откажана.

Останатите тројца, кои исто така го загубија мечот намерењето, ќе мора да се разделат со дел од хонорарот во корист на противникот.

Еве ги сите резултати од мерењето:
Дерик Луис (119,2 кг) – Картис Блејдс (117,4 кг), тешка
Кетлен Виера (62,5 кг) * – Јана Курницкаја (61,4 кг), петел (ж)
Чарлс Роза (66,2 кг) – Дарик Минер (66,2 кг), перо
Алексеј Олејник (108,8 кг) – Крис Даукаус (106,1 кг), тешка
Филип Хаус (83,9 кг) – Насурдин Имавов (84,1 кг), средна
Андреј Арловски (113,1 кг) – Том Аспинал (110,9 кг), тешка

Прелиминарни
Џеред Гордон (68 кг) ** – Дени Чавез (65,7 кг), перо
Дракар Клосе (70,7 кг) – Луис Пена (70,5 кг), лесна
Еди Вајнленд (61,4 кг) – Џон Кастанеда (61,6 кг), перо
Нејт Лендвер (66,2 кг) – Џулијан Ерос (65,9 кг), перо
Шана Добсон (57,1 кг) – Кејси О’Нил (56,9 кг), мува (ж)
Час Скели (66,2 кг) – Џамал Емерс (65,9 кг), пердув
Ајеман Захаби (61,6 кг) – Драко Родригез (63,7 кг) ***, петел
Сергеј Спивач (111,1 кг) – Џаред Вандера (120,2 кг), тешка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON