Луис Ортиз рече дека сака неговиот следен судир во рингот да биде против Енди Руиз Jуниор. Кубанецот се врати во рингот викендов нокаутирајќи го Американецот Александар Флорес за само 46 секунди на главниот меч на гала вечерта одржана во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес, САД.
„Сакам да се борам со најдобрите. Ако тоа не може да се случи, тогаш го посакувам Енди Руиз, кој во еден момент беше најдобар, не толку одамна, и го победи Џошуа “, изјави Кинг конг за ТВ „Фајт хаб“ по победата над Флорес.
„Енди исто така требаше да учествува во оваа карта, а можеби и победниците би се бореле еден со друг вечерва, а тоа на крајот би помогнало во градењето на битката, но Енди не учествуваше. Така да, Енди Руиз е борбата што ја посакувам. И ова е остварливо. Таква битка навистина може да се организира без премногу напор и би била одлична. Мислам дека ќе биде одличен судир“, заклучи кубанскиот боксер, кој има две пресметки за светските титули во тешка категорија.