Дерик Луис ги повика шефовите на УФЦ да бидат домаќини на мечот меѓу него и поранешниот светски шампион во тешка категорија, Стипе Миочиќ. Црниот ѕвер се чини дека е добро расположен и доста уверен во сопствените способности откако во декември го нокаутира Крис Даукас.
„Мислам дека веќе немам што да докажувам никому, само сакам да учествувам во големи средби. Па се надевам дека ќе ми обезбедат битка со Стипе (Миочиќ). Верувам дека ова ќе биде голем судир за навивачите, но и за нас самите. Ќе биде забавно“, изјави Луис.
Тој додаде дека за него Миочиќ би бил нешто ново и поинакво.
„Се борев со речиси сите во Топ 10 на дивизијата. Стипе ќе биде свежа крв. Верувам дека ќе ме стават како аутсајдер, што ќе им овозможи на моите навивачи да си ги вратат парите што ги загубија од мечот со Гане“, изјави Црниот ѕвер.
Тој загуби од Сирил летото, што му овозможи на Французинот да обезбеди борба овој месец со Френсис Нгану за светската титула. Тие ќе се сретнат на 22 јануари.