И покрај поразот со нокаут Белатор 163 од Чави Ајала, Сергеј Харитонов се враќа во акција за помалку од еден месец.
Русинот ќе се бори во својата татковина на 3 декември против Франциско Сандро да Силва Безера во Екатеринбург.
Ова дефинитивно е несмло решение од страна на Харитонов, имајќи го во предвид тешкиот нокаут што го доживеа од Ајала, иако тври дека во случајот станува збор за „ксметлиски“ удар.
„Го пуштив овој удар, и тоа се случува понекогаш. Во тешка категорија секој удар може да биде одлучувачки. Ќе ја научам лекцијата и ќе продолжам напред“, изјави за руските медиуми Харитонов.
Останува прашањето, зошто локалната спортска комисија му дозволила на Харитонов да се бори толку бргу по тешкиот нокаут.