Љубомората, недовербата, сомнежот се важни предизвици на ФБСМ

 

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) успеа да се справи со поголем дел од проблемите што ги наследи, а секако еден од најважните е подмирувањето на долгот спрема Обединетото светско борење (ОСБ/UWW) и симнувањето на суспензијата за настапи на меѓународни приредби.

Живна работата, односно да се прават кампови, обуки на тренери судии, технички лица, млади борачи настапуваат на првенства од меѓународен карактер. Нормално, само со многу работа и борби на реномирани приредби може да се стигне до саканата цел.

Сепак има едно НО, дали треба да се оди со еден двајца борачи или со повеќе на турнирите и првенствата. Ова прашање е повеќе од психолошки аспект, затоа што една млада генерација остана не доискажана поради лошата состојба во ФСБМ, а оваа поновата е на патот да се оди до крај во овој олимписки спорт или да бидат само за домашна употреба.

Предизвик за раководтсвото на ФБСМ е како да се избегнат опасните писхолошки моменти кои се провлекуваат дека место во репрезентацијата има само за едни борачи, иако многу од нив се и клупски другари, а тоа ќе ја постави љубомарата и недовербата на врвот на пиедесталот. За едни ќе постои респектот, другите ќе се чувствуваат навредени. Не се за занемарување и дофрлањата дека се бираат борачи само од клубовите на првите луѓе, иако навистина и работат и се главни двигатели во борењето, но воопшто не се за потценување и некои други екипи. Се поставуваат прашања од типот како за едни има пари, а за други нема, нешта кои ги одалечуваат борачите од душекот.

Многу талентирани борачи се посветуваат на образованието и заработка на средства за школувањето и подоготвувањето за животните предизвици, па често се надовор од нашата земја, нешто што е најнормална човечка работа. Во суштина, тие се млади, и ако се испуштат од тренажниот и натпреварувачкиот дел, потешко ќе се создава домашна конкуренција која е предуслов за квалитетна боречка сцена и поголем успех на меѓународен план.

Затоа, во овој период треба да се направи пресек на сработеното и да се забележат позитивните и негативните моменти и од нив да се извлечат заклучоци за подобра и трофејна иднина на борењето. Таленти има, но треба да се користат и модерните достигнувања од областа на науката, тренажниот процес, психологијата итн.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON