Во пресрет на неколку силни турнири и европските првенства Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФСБМ) ги засилува тренереските позиции во репрезентативните селекции.
Како што објавивме порано, Тони Тончев е назначен за селектор на репрезентациите до 20 и 23 години, но и да му помага на селекторот на сениорската репрезентација Љулзим Вранези.
Упрваниот одбор на ФСБМ за тренер на репрезентцаијата во грчко-римски стил го назначи Љубиша Пешко. Виктор Богданов ќе му помага на Али Назми, а Горан Стојанов на Седат Бафтија, кој ја предводи селкцијата до 17 години.
Како можни кандидати за турнирот „Петар Сираков“ од 6 до 8 во Бугарија и Европското првенство за младинци до 23 години од 24 до 29 март во Полска предложени се: Јасин Реџелари, Бесмир Весели, Бехар Махмути, Иван Јанев, Рауф Камбери, Стефан Никовски и Халил Зубаиров. Во грчко-римски стил предложени се Кристијан Пешко и Тимур Хамикоев.
Сепак, како што вели претседателот на ФСБМ, Чедо Николовски, ова се само предлози, а кој ќе патува на турнирот во Бугарија и на ЕП во Полска ќе зависи од финасиите, кои сега ги нема.
Тој исто така ни изјави дека ФСБМ дала предлог до европската организација на Обединетото светско борење (ОСБ), односно нејзиниот претседател, Цено Ценев, да се формира регионална лига. Од друга страна, тој потенцираше дека се уште не е дефинирано како ќе се добие екипниот победник во сениорска конкуренција. Предлогот е даден до Стручната комисија, а најчесто спомнувана формула е дека покрај Сениорското и Изборното првенство треба да одржат уште два турнира, по што ќе се добие екипниот-клупскиот првак на Македонија по укинувањето на Лигата во борење.
ipon.mk/В.Д.