„Можам да те направам богат. Ќе променам твојот живот. Моментот кога ќе потпишеш дека ќе се бориш со мене ќе се претвори во празник за тебе. Тогаш заѕвони назад дома, јави се на својата жена и нејзе кажи и – скапа, го направивме. Ние веќе сме богати. Конор Мек Грегор не направи богат“.
Ова се зборови на Конор Мек Грегор, но по сè изгледа дека сопственикот на УФЦ, Лоренцо Ферита, се согласува со „Mystic Mac“, бидејќи тој неодамна изјави за ЕСПН дека Мек Грегор ќе биде прв борец на УФЦ, кој ќе добие 100 милиони долари.
Ферита продолжува со зборовите, ако Мек Грегор продолжи со победничката серија, тој ќе си ги донесе овие пари наскоро преку хонорарите му мечевите, бонусите кои ќе добива, како и од приходите од гледаноста на неговите борби на платените канали. Ферита не ги зема предвид приходите кои Конор ги добива од неговите спонзори, филмските договори и договорите за учества во различни емисии и шоуа.
На нас не ни останува ништо друго освен да почекаме за да видиме дали прогнозата на Лоренцо Ферита ќе се оствари и дали навистина медиумската хистерија по Конор Мек Грегор ќе продолжи.