Носители на „Карате оскар“ за 2017 година на 42.Лорд купот во Скопје за најдобра изведба на кати се каратистите од Професионал-Скопје, потоа Металург-Скопје, Љуботен-Тетово, Васход-Бугарија, Скопје-Скопје и други. Најмасовен клуб беше Карате центар Пејов од Скопје.
Како највпечатлив цртеж беше прогласено делото на членовите на Карате клубот Куманово 75 од Куманово.
На карате натпреварот зедоа учество каратисти од Македонија и од балканското опкружување на Македонија, односно од Србија и Бугарија. Учество на настанот пријавија и реализираа 15 клубови, кои имаа над 155 настапи во поединечна и екипна конкуренција.
Клубовите со своите членови кои зедоа учество, направија убава спортска атмосфера.
Овогодишниот 42. Лорд куп има етикета со симболот кој го отсликува карате јубилејот, педесет години карате спорт во Македонија. Секој учесник доби учесничка Диплома, подарок мала тетратка, голема тетратка, медал, налепници со симболот на карате јубилејот и издадената книга Половина век карате.
Оваа книга е напишана од Димче Јанковски и издадена од карате клубот Аеродром по повод овој големиот карате јубилеј. Во 10 часот при доаѓањето секој учесник доби колаче за добредојде, а клуската екипа доби креди во боја за да цртаат на плочник.
Купот за отворен го прогласи г-дин Сејдо Теофиловски, првиот тренер кој ги водеше тренинзите во почетните години пред педесет години. Настапите на учесниците во осумте категории беа оценувани од жири комисија која прогласи најдобра изведена ката во поединечно и екипно изведување. Жири комисијата беше составена од следните лица: Сејдо Теофиловски, тренерот кој ги водеше тренинзите во почетните години на карате спортот во Македонија, Евстратијос Турунидов, каратист од првате генерацја вежбачи на карате, Димитар Тренков – бугаски каратист, повеќедецениски пријател на клуб Аеродром, Јован Јакимовски, претседателот на првиот карате клуб во Македонија, КК Мирче Ацев и член на првиот Управен одбор на Карате сојузот на Македонија, формиран во 1971 година, Венцислав Недев, каратист кој се заниманва со карате од почетоците на спортот и заедно со Димче Јанковски се единствните каратисти кои непрекинато се активни пет децении во каратето и Запро Запров, лице кое во почетоците на каратето во 1967 година активно се занимаваше со овој спорт.
Ipon.mk