Лопез: Јас сум кралот – не му давам реванш на Ломаченко (ВИДЕО)

Теофимо Лопез не планира да му даде реванш на Васили Ломаченко откако минатиот викенд го совлада. Лопез (16-0, 12 КО) верува дека им докажал на навивачите дека е подобар од Ломаченко (14-2, 10 КО) и не гледа смисла за реваншот.

Неоспорниот шампион во лесна категорија на ИБФ, ВБА, ВБЦ и ВБО сфаќа дека навивачите сакаат да гледаат реванш, но не планираат да го направат тоа во 2021 година. Лопез тврди дека Ломаченко се помирил со поразот и категоријата сега има свој крал.

„За што да имам реванш? Се заебава. Победив искрено и фер. Го победив и сите сакаат реванш. За што? Го победив во неговата борба, иако бев надвор 10 месеци, а тој беше најдобар. Сега сум крал.

Отсекогаш сум бил крал. Јас бев некрунисан крал. Меѓутоа, сега бев крунисан. Дури и пред објавувањето на одлуката, Ломаченко знаеше дека изгубил. Тој ја напушти прес-конференцијата и не се појави за ништо. Ова покажува каков навистина бил шампион“, изјави Теофимо за ТМЗ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON