Лопез и Ломаченко соборија рекорд во гледаност

Теофимо Лопез и Васили Ломаченко беа следени од скоро 3 милиони гледачи истовремено. Ова е најгледаната битка за 2020 година, пренесуваат статистичарите.

„Топ ранг“ открива уште едно завидно достигнување.

Според агенцијата, ова е најстримуваниот судир во историјата на боксот.

23-годишниот Американец Теофимо Лопез ја забележа најголемата победа во кариерата на 18 октомври. Латиноамериканцот го симна од тронот неговиот славен ривал, за кого многумина сметаа дека е најдобриот боксер во сите категории (паунд фор паунд).

Лопез со сигурност сериозно ќе си ги подигне акциите, особено по ваквиот телевизиски интерес.

Се очекува да се пресели во суперлесна категорија, каде парите се поголеми, а конкуренцијата е посериозна. Не е познато дали воопшто ќе се организира реванш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON