Лондонската публика со воодушевување го пречека Васил Ломаченко (13-1, 10 КО).
31-годишниот Украинец во градот во кој во 2012 година по втор пат стана олимписки победник се бори за третиот појас свтески првак во лесна категорија.
„Хај-Теч“ против друг олимписки победник од Лондон, 31-годишниот Британец Лук Кембел (20-2, 16 КО), ги брани ВБА и ВБО, а се бори за титулата на ВБЦ што ја ослободи Мајки Гарсија.
Пред нив во рингот ќе влезат тешкапите Александар Поветкин (34-2, 24 КО) и Хјуи Фјури (22-2, 12 КО).
На 39-годишниот Русин ова ќе му биде трета борба по ред во Велика Британија и прва по поразот од Ентони Џошуа во борбата за светската титула во тешка категорија во септември минатата година.
Во средината на јули 24-годишниот Фјури со прекин го победи поранешниот светски шампион Самуел Питер, на кого одамна му поминаа најдобрите денови.