Лончар е уапсен и доживотно суспендиран (ВИДЕО)

Поради бруталниот напад и претепувањето на полскиот судија Мација Џурготи (50) пред очите на гледачите во спорстката сала „Домот на спортовите“ во Загреб, хрватската полиција веднаш го уапси 18-годишниот боксер Видо Лончар.

screenshotboksnokaut boks

Хрватски боксер Видо Лончар направи ретко виден инцидент на младинското аматерско Европско првенство што се одржува во Загреб. По третото одбројување, судијата го прекина мечот, а хрватскиот боксер, пред прогласувањето на победникот, го нокаутира судијата, а потоа продолжи да го удира додека беше на подот.

Полскиот судија веднаш бил пренесен во најблиската болница и по лекарските прегледи му биле востановени повеќекратни скршеници во пределот на ребрата, а 18-годишниот боксер ќе биде обвинет за нанесување на тешки телесни повреди.

http://youtu.be/qLE77n4h4-g

Исто така, Хрватскиот бокерски сојуз му изрече доживотна суспензија на младиот боксер.

„Ова беше најлошото нешто што можеше да не си случи. Ова е срам за Загреб и Хрватска, а на овој спорт нанесена му е голема штета. Сиот труд кој го вложивме околу овој настан падна во вода, а боксерот веќе никогаш во животот нема да боксува во ринг“, изјави портпаролот на ХБС Марко Маровиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON