Ломаченко зема оружје за да го брани родниот град

Поранешниот светски шампион во три категории Васили Ломаченко се приклучи на баталјонот за територијална одбрана ќе одржува ред во неговиот роден град Белгород-Днестар. 34-годишниот боксер од Украина е вооружен и ќе го брани редот во својот град.

Поминаа неколку дена откако Русија започна инвазија на Украина. Многу луѓе очекуваа Владимир Путин да ја преземе Украина за неколку часа, но тоа не се случи. Во војна нема победник, а најмногу губиме ние обичните луѓе.

„Баталјонот за територијална одбрана Белгород-Днестар е формиран и вооружен. Нашите борци ќе одржуваат ред во родниот град и нема да дозволат диверзанти и ограбувачи.

Васили Ломаченко е со нас во одбраната. Бидете уверени, се ќе биде во ред во нашиот град“, напиша на Фејсбук градоначалникот Витали Граждан.

Ломаченко има скор 16-2 во рингот и е во серија од 2 последователни победи. Последен пат го победи Коми на крајот на 2021 година. Се очекува Лома во следната борба да се бори за титулата со Џорџ Камбосос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON