Светскиот шампион во лесна категорија Васил Ломаченко вели дека сѐ уште се навикнува на новата тежина.
Поранешниот светски шампион во перолесна и суперлесна категорија во својата прва борба на тежина од 61,2 килограми во мај, со технички нокаут во 10-тата рунда го победи Хорхе Линарес и ја освои титулата на ВБА во лесна категорија.
Во следеното влегување во рингот на 8 декември во Њујорк ќе се обиде да ги обедини титулите против шампионот на ВБО, Хозе Педро Педраз (25-1, 12 КО).
„Верувам дека ќе останам на 61,2 килограми и ќе се фокусирам на лесна категорија, затоа што кога се борев со Линарес чувствува дека е поголем од мене. Ќе останам во лесна и ќе се фокусирам на неа, бидејќи таа во моментов не е мојата идеална категорија. За година или две тоа ќе биде мојата идеална тежина“.
Линарес во седмата рунда го собори Ломаченко.
„Тоа ми е прв пат како професионалец да завршам во нокдаун. По претрпениот нокдаун, се вратив и го завршив. Тоа беше тешка борба, но го покажав шампионското срце“.
По борбата го оперираше десното рамо поради повреда што ја доби во втората рунда на мечот со Линарес.
„Имав долг одмор. Се радувам на тоа што ќе видам како изгледам по операцијата и како ќе се справам со потежок противник како Педраз“.