Од денес, љубителите на боксот може да очекуваат уште една голема борба.
Конечно, постигнат е договор за голем меч во лесна категорија меѓу двајца феноменални шампиони – Васил Ломаченко (14-1) и Теофим Лопез (15-0).
Одличниот Украинец ќе ги заложи на своите титули во ВБА супер и ВБО, додека американскиот боксер, со потекло од Хондурас, ќе ризикува да го загуби појасот на ИБФ.
Мечот меѓу Ломаченко и Лопез ќе се одржи во Лас Вегас (МГМ Гранд) пред празни трибини, точниот датум сè уште не е официјално потврден, но се знае дека станува збор за средината или крајот на октомври (дел од изворот известува дека е најверојатно 17 октомври).
Ова е борба која се договора веќе некое време, а освен пандемијата на коронавирус, проблеми во преговорите предизвика и незадоволството на Лопез од понудениот хонорар.
Но, се чини, дека веќе нема проблем, а според пишувањата на неколку реномирани портали за боречки вештини, Ломаченко се откажал од дел од хонорарот, за да зголеми на неговиот ривал.
„Постигнат е договор. Беше комплицирано, но успеавме“, потврди, според порталот „BoxingScene“, менаџерот на Лопез, Дејвид Мекватер.
Понудата која не го задоволи Лопез, наводно, се движела околу 1,25 милиони американски долари, а се вели дека оваа сума сега е поблизу до бројката од два милиони.
Ова ќе биде прво влегување на Ломаченко во рингот откако го победи Лук Кембел во август минатата година. Од друга страна, Лопез последен пат го видовме во акција во декември 2019 година кога го запре Ричард Комеј со технички нокаут.