Васил Ломаченко (11-1, 9 КО) нема да може да се бори на 25 август.
Новиот ВБА шампион во лесна категорија требаше да се бори со ВБО шампионот Реј Белтран.
Но, 30-годишниот Украинец го повредил десниот лакт на почетокот на борбата со Хорхе Линарес на 12 мај.
Затоа во среда ќе мора да оди на операција во Лос Анџелес.
Неговиот менаџер Егис Климас изјави дека боксерот веќе некое време имал проблеми со изместување на рамото.
„Веројатно во втората рунда му искокнало рамото, му го скинал лактот и се вратил на место. Лекарот рече дека имал среќа што можел да ја заврши борбата. Така што работата е доста сериозна“.
Ломаченко го доживеа првиот нокдаун во кариерата во оваа битка, но го запре Линарес во 10-тата рунда со удар во телото.
Ако рехабилитацијата оди по планот, во рингота може да се врати на крајот од годината.