ИОК соопштија дека дека не планираат да прават големи промени поради вирусот, па засега се следи ситуацијата со вирусот и сè тече според планот, па ЛОи треба да се одржат од 24 јули до 9 август.
„ИОК останува целосно посветена на ЛОИ во Токио 2020 и на четири месеци до почеток на игрите смета дека нема потреба од донесување на драстични одлуки во моментов. ИОК ги охрабрува сите атлетичари да продолжат со подготовките за ЛОИ“, соопштија од ИОК неколку часа по одложување на Европското првенство во фудбал за следната година.