Лирија екипен првак во јуниорска конкуренција (ФОТО)

Екипата на Лирија е најуспешна во екипна конкуренција на Државното јуниорско првенство со 34 поени пред Балканец 26 и Тефејуз 8. Шампионатот се одржа денеска во Скопје во салата Енвер Идризи во Чаир.

Бодовите на Лирија и ги донесоа резултатите во индивидуална конкуренција, односни нејзините борачи освоија десет медали.

Јуниорски шампиони на Македонија се Минир Реџепи (55 кг), Елмедин Сејфулаху (60 кг) и Ријад Реџепи (74 кг).


Сребрени медали: Халит Османи (60 кг) и Шаип Брава (66 кг).

Бронзи: Омер Фуга (60 кг), Зеид Фуга (66 кг, Абдулфета Османи (74 кг), Орхан Џафери (74 кг) и Увејс Фејзулаху (96 кг).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON