Поранешниот шампион на Белатор во полусредна категорија, Даглас Лима, се огласи со изјава по поразот од Мајкл Пејџ. Легендата загуби контроврезна судиска одлука во главната борба на Белатор 267 во Лондон. 33-годишниот Бразилец влезе во серија од три последователни порази за прв пат во кариерата.
Лима загуби со поделена одлука, но верува дека победил во првата и третата рунда. Не може да се каже дека Пејџ е среќен со победата, бидејќи тој веќе повика на трилогија, која ќе биде во 5 рунди.
„Не сум многу сигурен за оваа одлука на судиите. Мислам дека победив во првата и третата рунда. Ќе треба повторно да ја гледам битката. Фала му на Бога што повторно ме донесе тука! Јас сум благословен!
Експлодирав овде во Лондон и едвај чекам да се вратам! Благодарение на мојот тим, семејството и сите вие што секогаш ме поддржувате! Бог да ве благослови и наскоро повторно ќе се видиме“, напиша Лима.