На Меѓународниот турнир „Златна мимоза“ во Игало, Црна Гора, Лулзим Исмаили изгуби во финалето од Винченцо Арекија 2-1, олимпискиот првак за млади, како и европски првак и трет во свет.
„Лулзим покажа добра и цврста борба, но искуството на репрезентативецот на Италија го направи своето. Уште еднаш еднаш им честитам на репрезентативците за покажаните борби“, вели тренерот Насер Харуни.
За најдобар боксер е прогласен италијанскиот репрезентативец Мануел Капаи, а репрезентативецот на Македонија, Лулзим Бајрами и репрезентативецот на Албанија, Арјон Кајоши, се проласени за најборбен пар.
Вчера Лулзим Бајрами во јака и рамноправна борба го победи моментално најдобриот албански боксер Арјон Кајоши, а Јасин Лама изгуби со тесен резултат 2-1 од италијанскиот вице шампион Франческо Сплендори.
Ipon.mk/В.Д.