Лео Јовановски загуби од Манѓоли на „Адем Јашари“ во Приштина

Лео Јовановски загуби од Имер Манѓоли на Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина.

Јовановски е поразен со ТКО во втората рунда.

„Добро избоксува со далеку поискусниот боксер од Косово. Добро се држеше. Двајцата зададоа силни удари. Лео доби еден чист удар и ја пркинав борбата, бидејќи не очекува настап следната недела на силниот Меѓународен турнир Златна ракавица во Сомбор-Србија“, вели тренерот Димитар Ташков.

Утре настапува и вториот наш боксер, Арсим Етеми.

Лео Јовановски – Имер  Манѓоли (Косово) ТКО Р2

Арсим Етеми – Бесариф Пирева  (Косово)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON