Лео Јовановски и Арсим Етеми поразени на „Загреб Гранд при 2021“

Лео Јовановски и Арсим Етеми загубија со едногласна одлука на судиите во полуфиналето на силниот Меѓународен боксерски турнир „Загреб Гранд при 2021“.

Лео Јовановски (75 кг) во полуфиналето се сретна со најдобриот хрватски боксер Габријел Веочиќ кој беше четвртфиналист на последното Светско првенство во Белград и загуби 0-3.

Додека Арсим Етеми (80 кг) се бореше со црногорскиот претставник Петар Маричиќ и беше поразен со 0-3.

На турнирот настапуваат боксери од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска, Русија, Романија , Србија, Украина и Хрватска.

Победниците ќе добијат по 1.000 евра, финалистите по 500, а освојувачите на бронзените медали по 250 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON