Ленокс Луис: Тајсон Фјури се уште е № 1 во тешка категорија

Легендарниот Ленокс Луис мисли дека и покрај проблемите во последната година, Тајсон Фјури се уште е №1 во тешка категорија на светскиот бокс.

Фјури се откажа од појасите кои ги освои против Владимир Кличко откако Британецот падна во тешка депресија, а освен тоа и беше фатен за употреба на дрога.

Сепак, сега Фјури е решен да ја продолжи кариерата и да се врати на рингот. А според Луис, тој се уште е №1 во категоријата.

„Би рекол дека е најдобар во моментов Тајсон Фјури. Иако поминува преку проблеми, се уште би го определил како №1. Го докажа и покажа тоа пред сите“.

„Да, можеби Кличко не го покажа своето вистинско„ јас“ против него. Но, кога си во рингот, секогаш треба да си подготвен да го покажеш најдоброто“.

Тој ги коментира и проблемите на Фјури кои го доведоа до отакажување од појасите.

„Некои луѓе не можат да се справат со тоа што се светски шампиони. За да бидеш шампион на светот, треба да се однесуваш како таков. Треба да прифатиш дека многу луѓе гледаат во тебе и го следат секој твој чекор. Дека ќе влијаеш на животот на многу луѓе. Треба да бидеш внимателен, бидејќи тоа е голема титула и значи многу. Особено, имајќи во предвид дека била држана од имиња како Мухамед Али, Лари Холмс, Мајк Тајсон, Ленокс Луис и останатите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON