Без оглед на тоа како ќе заврши мечот, тоа ќе биде мојата последна борба – изјави Федор Емелијаненко во пресрет на неговиот последен професионален настап во октагонот викендов на настанот Белатор 290 во Инглвуд.
Имено, руската боречка легенда ќе се обиде да го освои шампионскиот појас во тешка категорија на Белатор во реваншот против Рајан Бадер.
Емелијаненко (40-6, 1 НЦ) загуби од Бадер (30-7, 1 НЦ) со нокаут за само 35 секунди во јануари 2019 година.
Големиот момент за Федор не остана незабележан од најголемиот хрватски борец Мирко Филиповиќ. Во својата приказна на Инстаграм, Кро Кап објави видео од неговата средба со Федор Емелијаненко на настанот на Прајд во Јапонија.
View this post on Instagram
Нивната средба се одржа во пресрет на бробата на Кро Кап против братот на Федор, Александар Емелијаненко.
Во август 2004 година хрватската легенда на боречките вештини го нокаутира својот противник со фантастичен удар. Следната година, Федор го победи Мирко со едногласна одлука на судиите.