Пред да бидат на врвот во тешка категорија, борци како Каин Веласкез, Фабрицио Вердум, Федор Емилијаненко и Брок Леснар, Педро Рицо беше една од најголемите ѕвезди во таа категорија. Тој речиси 20 години се бори на високо ниво во ММА, но дојде време да и стави крај на кариерата.
На 12 септември во Брзаил тој ја забележа последната победа со технички нокаут.
„The Rock“ стана популарен во 90-тите, кога доминираше во World Vale Tudo Championship. Но, кога УФЦ за прв пат дојде во Бразил, тогаш блесна неговата ѕвезда. Тој забележа победа со нокаут над Танк Абот.
„Нема потреба повеќе да се борам, но сакав да направам уште еден меч за моите ученици и ќерка ми, која има 8 години и сакаше да ме види во акција. Сега е време за да блеснат новите атлети и таленти. Се заврши така како и што започна – со лоу кикови во Бразил“.