Иднината на Џон Џонс виси во воздухот, како и недостатокот на нови лица во полутешка категорија, дивизијата има потреба од нови борци. Со исклучок на брзо просперитетниот Волкан Оездемир (№3), остануваат само Даниел Кормиер и Александер Густафсон, а сите под нив по квалитет се на различно ниво.
Очекувањата се дека ова набрзо ќе се промени, поесбно со ангажманот на кик бокс ветеранот и К-1 шампионот Гокан Саки кој на крајот на септември ќе го направи своето деби во категоријата до 93 килограми.
#NorthKorea chill down Bro, dont mess up my #ufc debut in #japan If you want to see bombs dropped just watch my fight 23 September @ufc ✌️
— Gökhan Saki (@gokhantherebel) August 29, 2017
„Северна Кореја, приземји се. Немој да ми го уништите моето деби за УФЦ во Јапонија. Ако сакате да видите како паѓаат бомби, само гледајте ја мојата битка на 23 септември“, напиша Саки на Твитер во сатиричен дух.
Octagon, Damage, Soon. #ufc #knockouts #mma #boxing #kickboxing pic.twitter.com/z5lOdseSLt
— Gökhan Saki (@gokhantherebel) August 28, 2017
Training with Gustafsson and Latifi.
23 september the Turkish flag will for always be remembered in Japan. #ufc @UFCEurope @ufc @UFCONFOX pic.twitter.com/F4fU2OQx53— Gökhan Saki (@gokhantherebel) August 22, 2017
Иако е висок само 182 сантиметри, своевремено турскиот борец имаше брзина и сила да се натпреварува и да победи со најдобрите борци во тешка категорија, забележувајќи професионален рекорд од 83-12, притоа 59 победи се со нокаут и неколку титули во организации како Глори и К-1. Во 2004 година Саки ја загуби единствената средба по правилата на мешаните боречки вештини од УФЦ ветеранот Џејмс Зикиц, но сега Саки е решен да остави свој белег во светот на ММА и да го започне походот на титулата во полутешка категорија на 23 септември, кога ќе се сретне со Енрике да Силва на уФЦ Фајт најт 117.
Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе се случи на 23 септември и дали Саки се уште умее да ја забавува публиката со необичните настапи.