На денешен ден, 19 јули 2008 година, се пресметаа Федор Емелијаненко и Тим Силвија во Анахајм (Калифорнија, САД), а поводот беше инаугуративниот настан Афликејшн 1.
Силвија влезе во борбата со Федор со скор од 25-4 и реноме на поранешен двократен шампион на УФЦ во тешка категорија (освои титули со победите над Рико Родригез и Андреј Арловски, забележа три одбрани на титулите). Тој го загуби појасот на УФЦ во поразот од Ренди Котур на почетокот на март 2007 година, а откако 11 месеци подоцна, Антонио Родриго Ножеира со гилотина го принуди да се предаде, тој го напушти УФЦ и влезе во рингот со Емелијаненко под покровителство на Афликејшн – што и не се покажа како најдобра одлука.
„Последниот руски император“, имено, во тие денови, со скор 29-1, уживаше во статусот (според многумина ужива и денес) на најдобар тешкаш на планетата, а својата репутација ја оправда со доминантен настап против Силвија. Веќе во првата размена, по воведните десет секунди од борбата, тој го опсипува Американецот со канонада од разорни аперкати и крошеа, соборувајќи го на подот, а потоа продолжи со убиствениот „гураунд и паунд“, за на крајот да го фати грбот на противникот и да го заврши со давење од позади. Тоа беше импресивен настап на легендарниот Федор во кој за само 36 секунди му покажа на боречкиот свет како стојат тешките односи на моќта.
Ќе остане вечно жалење што Федор на самиот врв не танцуваше под светлата на УФЦ, но тоа што има скор 9-1 во борбите со поранешните шампиони на УФЦ служи како еден вид замена за тој пропуст. Покрај Силвија, тој го заврши и Кевин Рендлман („кимура“), односно двапати Марк Колман („армбар“), а ги нокаутираше Арловски, Френк Миро и Квинтон „Ремпејџ“ Џексон и двапати победи над поранешниот „интер“ УФЦ шампион Минотаур. Од поранешните шампиони на УФЦ, само Фабрицио Вердум успеа да го совлада. Тој се пензионираше со вкупен биланс од 40 победи и седум порази, испорачајќи 14 нокаути и принудувајќи 17 противници да се предадат.