Легендарниот Андерсон Силва стана Американец

Легендарниот поранешен шампион во средна категорија Андерсон Силва доби државјанство и официјално стана Американец на церемонијата во Лос Анџелес.

 Со години Силва живее во Соединетите Американски Држави и конечно стана државјанин. Заедно со него, неговите деца, Калил и Каори, како и неговата сопруга се заколнаа, а другите три деца се уште се во процес на натурализација. „Пајакот“ е роден во Сао Паоло, но израснал во Куритиба.

На церемонијата присуствуваа вкупно 8.000 луѓе кои станаа американски државјани. Силва беше повеќе од среќен.

А еве што рече во едно интервју:

„Среќен сум и ова е страотен момент за мене и за моето семејство. Имам семејство во Бразил, таму се мајка ми и моите браќа, но сега ова е мојата земја“.

Силва има скор 34-10-1 во ММА и во моментов е во серија од два последователни порази. Во февруари загуби од Израел Адесања, а во мај е поразен од Бразилецот Џаред Каноњер, откако ја повреди ногата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON