Легендарниот американски боксер Рој Џонс побара руско државјанство од Путин!

roj-dzons-putin

Поранешниот светски шампион Рој Џонс се сретна со Владимир Путин и побара руско државјанство од рускиот претседател.

За време на средбата во Севастопол, Путин му посакал успех во бизнисот во Русија на Џонс, а американскиот боксер му одговорил дека ќе му биде многу полесно ако има руски пасош. Путин му кажал дека тоа нема да биде проблем, ако планира да остане да живее во Русија. Во 2003 година, Џонс (46) стана светски првак во тешка категорија, откако го победи Џон Руис, кој, пак, претходно го совлада Ивандер Холифилд во борба за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON