Инцидентот што се случи меѓу Хабиб Нурмагомедов и персоналот на Фронтрер ерлајнс привлече големо внимание во јавноста. Во текот на викендот Хабиб се обиде да патува со авион од Лас Вегас до Лос Анџелес, но наиде на тешкотии пред да се качи на летот на Фронтрер ерлајнс.
Khabib Nurmagomedov was kicked off a flight after an interaction with the staff😳‼️ pic.twitter.com/1tXK6FBilw
— Combat Casuals (@Combat_Casuals) January 12, 2025
Хабиб бил сместен на место лоцирано веднаш до излезот за итни случаи. Неопходно е лицето што седи до таа варта да зборува англиски, а според Хабиб, тиего провериле пред да се качи во авионот и пред да седне на тоа место. Сепак, една стјуардеса дошла да направи дополнителна проверка, а при разговорот со Хабиб, стјуардесата заклучила дека Нурмагомедов, според неа, не е доволно добар говорител на англиски јазик и го замолила да го смени местото. Следела кратка вербална расправија, по што Хабиб морал да го напушти авионот, а Хабиб детално објаснил што всушност се случило.
„Прво, сакам да појаснам дека ова беше Фронтер, а не Алјаска ер. Госпоѓата што дојде кај мене со прашања беше многу груба уште од самиот почеток, иако јас одлично зборувам англиски и се согласив да соработувам, таа сепак инсистираше да ме тргне од моето место. Која беше причината за тоа, дали поради раса или националност, не сум сигурен“, напиша Хабиб на Инстаграм.
„Но, по две минути разговор, таа го повика обезбедувањето и ме избркаа од авионот, а по час и половина се качив во друг авион и се упатив кон мојата дестинација. Дадов се од себе да бидам смирен и со почит како што можете да видите на видеото. Но, следниот пат, членовите на екипажот треба да бидат подобри со клиентите“, додаде тој.
View this post on Instagram
Социјалните мрежи на Фронтрер ерлајнс се преплавени со коментари од гневните фанови на Хабиб кои жестоко ги критикуваат, додека Хабиб доби многу пораки за поддршка за неговата објава. Меѓу луѓето кои ја коментираа објавата на Хабиб беше и Милош Шарчев, светски познатиот српски бодибилдер. Во текот на својата кариера Шарчев има освоено златни медали на бројни престижни турнири, а седум пати учествувал и на култниот турнир Мр.Олимпија, најголемиот и најпопуларен турнир за „бодибилдери“. Шарчев никогаш не стана „Мистер Олимпија“, но се натпреваруваше во ерата на Ли Хени и Доријан Јејтс, а во 1994 година заврши две места над Рони Колман.
View this post on Instagram
Десетото место на Шарчев негов најдобар пласман на Мр. Олимпија и во два наврати заврши на десетото место. За четири дена ќе го прослави 61 роденден и сега е истакнат тренер во САД. Овој легендарен „бодибилдер“ остави малку подолг коментар на објавата на Хабиб.
„Нивото на услуги на клиентите што го доживеав со Фронтрер ерлајнс е конзистентно со неодамнешната ситуација во која е вклучен Хабиб. Во повеќе наврати, имав конфликти со членовите на персоналот кои не беа подготвени ефективно да им помогнат на клиентите. Наместо да ги стават своите клиенти на прво место – тие ја искористуваат нивната позиција да ги наметнуваат своите правила на непотребно строг, груб и многу бесмислен начин, како што вели поговорката, „Дајте некому моќ и нивниот вистински карактер ќе се открие“. Грижа или професионализам“, напиша Шарчев во коментарот кој собра повеќе од 14 илјади „лајкови“ во моментот на пишување на текстот. Во одбрана на Нурмагомедов излегоа бројни познати фаци, а се огласи и познатата ММА сала што ја води долгогодишниот тренер на Хабиб, Хавиер Мендез, кој напиша:
„Кој повеќе би сакале да го имате наместо Хабиб, за да ви помогне и да ве спаси од претстојната катастрофа“.
Сметаме дека комапнијата Фронтрер ерлајнс воопшто не е задоволна од начинот на кој нивните вработени се однесуваа кон Хабиб и самите си создадоа многу лош публицитет.