Членот на Куќата на славните на УФЦ, Дон Фреј, даде интересна прогноза, велејќи дека, според него, поранешната шампионка Ронда Русеј „никогаш повеќе нема да се бори“.
Фреј е на мислење дека „Роуди“ не може да се опорави од унишувачкиот нокаут која доби од Холи Холм на крајот на минатата година.
Откако ја загуби титулата против Холм, нејзиното враќање во октагонот се одлагаше неколку пати. Се смета дека тоа може да стане факт на УФЦ 207 во декември, но, очигледно, Дон Фреј има поинакво мислење за ова прашање.
Тој исто така смета дека ако сепак Ронда одлучи да се врати, таа не заслужува веднаш да добие можност да се бори за шампионската титула во бантам категоријата.
„Не, таа нема да се врати. Таа никогаш повеќе нема да се бори. Таа умееше да ги привлече навивачите, но сега таа веќе не е во можност да го направи тоа. Ако таа сака да се врати, треба да го направи реваншот со Холи холм. Ако успее да ја победи Холи, тогаш нека и дадат меч за титулата. Но, ако ти удрат клоца в газ на овој начин, тогаш не заслужуваш дуел за појасот“.