Леброн Џејмс донираше 2,5 милиони долари за изложба за Мухамед Али

lebron-ali

Леброн Џејмс донираше 2,5 милиони долари за изложбата на Мухамед Али.
„Секој професионален спортист, без оглед на расата и полот, му должи голема на благодарност на Мухамед Али. Неговото наследство заслужува да се проучува и цени од страна на сите генерации“, вели Џејмс во соопштението објавено од Асошиетед прес.

Изложбата „Мухамед Али: Сила за промени“ (“Muhammad Ali: A Force for Change”) во музеот на на афро-американската историја и култура Смитсониан во Вашингтон го одражува наследство на Али остварено во рингот и надвор од него, а и неговите достигнувања како општестевен активист.

„Немам зборови да ја опишам неверојатната великодушност на Леброн Џејмс“, изјави сопругата на Али, Лони.

„Изложбата ќе им овозможи на децата кои го посетуваат Смитсонијан да научат повеќе за животот на Мухамед Али надвор од рингот, особено хуманитарната работа и односот на социјална правда за сите луѓе“.

Но, се спротивстави на задолжителниот воен рок во 1967 година поради противењето на војната во Виетнам и верските убедувања. Поради и збенување на мобилизацијата ја изгуби боксерската лиценца. Четири години беше непоколеблив и на Врховниот суд во 1971 година ја промени одлуката и се врати во рингот.

Трикратен светски шампион почина на 3 јуни на 74 години, по долго боледување од Паркинсоновата болест.

„Причината поради која тој е најголем на сите времиња не е поради она што го направил во рингот, туку заради тоа што го направи надвор од рингот, поради она во што верувал и за што се крена“, рече НБА ѕвездата за Али.

lebro-ali-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON