Лазраевски и Јосифовски положија за 5 дан мајсторски појаси пред гранд мастер Ким Унг Чол

Во Лескоец-Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ се одржа национален технички семинар со професорот гранд мастер Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан), на кого ова му четврти пат да држи семинар во нашата земја.

Семинарот се одржа во два дена, а теквондистите ги усовршуваа техниките, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси. Македонија е побогата со двајца  носители на црн појас V дан,  Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски

Ким Унг Чол бил презадоволен од двајцата инструктори  кои полагаа за 5 дан, Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски, бидејќи покажале одлично познавање на целата таеквондо ИТФ техника, како и одлична демонстрација на истата. Ова беше очекувано затоа што 27 години се во овај спорт, а имаат и добар историјат во ИТФ. Чол изразил благодарност до домаќинот Марјанчо Лазаревски кој се покажал и како добар домаќин, организатор, тренер, претседател и пријател.

Врвниот мајстор секоја техника, една по една, точно и ја покажа на нашите спортисти , со надеж дека ќе помогне за освојување медал на следното Европско првенство во април во Римини,Италија. Посебно внимание му посветил на Давид Крстески кој ќе настапи на ова Европско првенство.

Гранд мастер Ким Унг Чол истакнал дека е презадоволен од организацијата на семинарот, од квалитетот и дисциплината на  учесниците на овај семинар, и од преубавиот Охрид и Македонија

На овој семинар професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесницитена на семинарот. Овие техники според тренерот на Хва ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

„Одржавме технички семинар за теквондо ИТФ со професор гранд мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула „гранд мастер“, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо ИТФ. Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и истотака имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско теквондо ИТФ првенство во Римини Италија“, истакна Марјанчо Лазарески.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON