Лас Вегас е фаворит за добивање на организацијата на реваншот меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Ова го објави промоторот на англичанецот Еди Херн. Останатите опции се Дубаи, Кардиф и Лагос.
„Разговарав со Бернд Бонте и луѓето на Кличко. Многу сме блиску до изборот на конечната верзија. Има доста сали. Во лесна прендост е Лас Вегас. Знам дека многу британски фанови ќе патуваат за да го гледаат овој меч. Следната недела ќе ги претставиме сите варијанти на Владимир Кличко. Јас сакав борбата да се одржи во Велика Британија, но Џошуа е светски шампион, а не шампион на Велика Британија и сака да помине нови граници“.
https://youtu.be/ubz7rNylreo
.