Утре почнува Балканското првенство во бокс за сениори во Загреб, Хрватска, кое ќе трае до 8 мај. Македонија ќе настапи со двајца боксери. Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат Јасин Лама (64 кг) и Арсим Етеми (81 кг).
Репрезентација ја водат тренерите Петар Чурлиновски и Халим Абази.
На првенството ќе настапат боксери од 10 земји.
Петре Неделковски, Фросина Манева и Стефан Цубалевски ќе учетсвуаваат судискиот семинар и ќе полагаат за АИБА судии за прва ѕвзда.
Да потсетиме дека Гоце Јанески (-75 кг) во 2019 година го освои бронзениот медла на Балканскиот шампионат по пауза од околу 30 години, односно по славните олмпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски Јанески.