Mакедонските боксери Јасин Лама (-60 кг) и Арсим Етеми (-80 кг) со тренерот Руждија Калач отпатуваа во Белград каде што ќе се подготвуваат до почетокот на Светското сениорско првенство.
Првично беше предвидено на Светско првенство во Србија од 24 октомври до 9 ноември да настапи и Горјан Славевски, но тој се откажал од учеството за да се посвети на професионалната кариера.
На СП ќе настапат 650 боксери во 13 категории од 105 држави.